Куртоа заработува „само“ 100.000 фунти неделно, „Сините“ му нудат зголемување на платата, но Белгиецот бара двојно зголемување на актуелните примања, со цел да се израмни со шпанскиот голман кој добива 200.000 фунти на „Олд Трафорд“.
Челзи нема да попушти, Куртоа не сака да го продолжи договорот, па се почести се приказните дека би можел да биде продаден во летниот преоден рок. Како опција се споменуваат ПСЖ, но и Реал Мадрид.
Ако Челси го продаде белгискиот чувар на мрежата, негова замена ќе биде Кепа од Атлетик Билбао, за кого Реал Мадрид исто така е заинтересиран, но и Донарума од Милан, особено што „росонерите“ се најдоа во големи финансиски проблеми.