На трети ноември 2021, среда од 12.00 ч., а по повод Денот на градот, во Ликовната галерија на Центарот ќе биде отворена изложбата на дела создадени на годинашната Ликовна колонија Дрен 2021.
Ќе бидат изложени над 20 дела создадени од сликарите Мирослав Живковиќ и Снежана Малетин од Србија, нашите уметници Мирјана Крстева Масети, Александра Петкова – Џианели, Буба М. Солак, Драган Најденовски, Новица Трајковски, Тони Чатлески, Стефан Малбашиќ и скулпторiите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски.
Досега на колонијата, во изминатите 13 години, се создадени околу 350 дела кои се во трајно наследство на Центарот и на државата. Ликовната колонија се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура.