Дендијас за Преспанскиот договор: Без оглед на тоа кој е на власт, договорите мора да се почитуваат

Facebook
Twitter
Email
Print


Договорите мора да се почитуваат, без разлика на Владите, а ние очекуваме целосно, доследно и со добра волја спроведување на Договорот од Преспа, порача министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас по средбата во Атина со шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ, јави дописничката на МИА од Атина.

„Истакнав дека ние го поддржуваме пристапниот процес на Македонија и Албанија и ќе продолжиме со нашите напори за што поскоро свикување на првата меѓувладина конференција. Секако, во однос на Македонија, го додадов она што го истакна грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, pacta sunt servanda. Договорите мора да се почитуваат без разлика на Владите. А ние очекуваме целосно, доследно и со добра волја спроведување на Договорот од Преспа“, рече Дендиас.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи