Трамп на Путин му открил тајна операција на Мосад во Сирија

Facebook
Twitter
Email
Print

Американскиот магазин „Венити фер“ објави дека американскиот претседател Доналд Трамп обелоденил детали за тајна израелска мисија на уфрлување во групата на Исламска држава длабоко во Сирија.

 

Израелската единица за контратероризам работејќи заедно со членовите на Мосад, дошла до информации дека групата Исламска држава во Сирија развила бомба која може да се стави во лап топ и да помине незабележана на аеродромите контроли.

 

Трамп, наводно оваа информација ил ја дал на руските официјални лица. Во извештајот се наведува дека тоа откритие ја навело неговата администрација, како и британските власти, да забранат лап топ и други уреди да се пренесуваат со авион додека аеродромите не бидат во состојба да спроведат засилени контроли.

 

Претседателот на САД наводно им ја пренел таа разузнавачка информација на Русите, а пред тоа не известил никој, ниту дискутирал за таквата одлука со израелската страна.

 

Американскиот магазин наведува дека кршењето на израелско-американската доверба има последици на поширокиот Близок Исток, затоа што Израел проценил дека Русија би можела такви разузнавачки информации да пренесе на своите сојузници Иранци.

 

„Венити фер“ тврди дека на инаугурацијата на Трамп во јануари, офицери на Мосад биле присутни на конференцијата на ЦИА, каде им било кажано дека американските разузнавачки служби веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин има влијание на Трамп и дека Израел треба да биде внимателен, бидејќи, како што се наведува, чувствителни информации се делат со Белата куќа и Националниот безбедносен совет.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи