Стоби флипс и Брилијант на Витаминка се најпознати брендови на македонскиот пазар


Стоби флипс во категорија флипсови и Брилијант во категорија сончогледово масло се најпознатите брендови меѓу македонските потрошувачи во годинешното истражување „Најпознати брендови според потрошувачите 2021-ва”.

Според истражувањето Стоби флипсна Витаминка, го има највисокото учество кај потрошувачите во споредба со сите останати брендови во оваа категоријаи предводи со 80% препознатливост, а во категоријата сончогледово масло доминантното учество наспроти другите брендови е на Брилијант со 53% препознатливост.

Со одговарање на прашањето кој според нив е најпознатиот бренд во одредена категоријата, потрошувачите можеа да одговорат за сите брендови присутни во малопродажбата и маркетите.

Истражувањето на македонскиот пазаркако независно е спроведено од специјализираната агенција за истражување и консалтинг Инсајдер ИД, на репрезентативен примерок од 1250 активни потрошувачи на територијата на целата држава и со фокус на 18 категории производи за широка потрошувачка. Освен за препознатливоста на брендовите, Инсајдер ИД веќе пет години по ред спроведува истражување и за преферираните ланци на маркети.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи