Министерот за здравство Венко Филипче смета дека во новата влада треба да остане секој кој се пронаоѓа во министерската позиција и покажал резултати.
На прашањето дали очекува тој да биде дел од новата влада, Филипче одговори:
„Tреба да работи и да остане тој кој се пронаоѓа себе си во министерската позиција без разлика за кој ресор станува збор и тој што покажал резултати, а тие резултати се евидентни. Одлуката ја носи премиерот така што не се оптеретувам со тој дел“, вели Филипче.
Вчера, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека наскоро ќе има трета влада предводена од Зоран Заев и смета дека треба да има одредени кадровски промени меѓу министрите.
„Сметам дека ќе добиеме наскоро нова влада ‘Заев 3’, дали се тоа двајца, тројца, пет или седум министри што ќе се сменат. Сметам дека Заев ќе остане на неговата лична одлука за повлекување. Треба да има реконструкцијата на владата, без оглед дали ќе влезе нова партија или ќе остане истото мнозинство, сметам дека треба да има одредени промени на кадрите“, изјави Битиќи.