Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио денеска најави дека Новата година повторно ќе се слави на „Тајмс сквер“ плоштадот, по откажувањето лани поради пандемијата на коронавирус.
Тој нагласи дека за влез на прославата ќе биде потребен доказ за вакцинација, а единствен исклучок ќе бидат децата до пет години и лицата коишто имаат медицинска причина за непримена вакцина, а кои ќе мора да имаат негативен тест не постар од 72 часа.
Прославата на Новата година на „Тајмс сквер“, којашто се одржува од почетокот на 20. век, е симбол на овој културно-туристички центар на САД.
Њујорк масовно слави Нова година на „Тајмс сквер“ од 1904. Минатата година, градот забрани собири, а на Тајмс сквер беше само мала група здравствени работници.