Влијание на климатските промени во растителното производство и мерки за адаптација


Климатските промени се голема закана за биодиверзитетот, земјоделските екосистеми и човековата благосостојба. Глобалната клима е предвидено да се промени радикално. Ова може да резултира со позитивни и негативни влијанија врз лозарството и овоштарството. Можното влијание на глобалните климатски промени врз земјоделските екосистеми е предмет на многу научни студии. На глобално ниво долгорочните анализи покажуваат дека климатските промени ќе влијаат врз:

– Промена во соодветната аклиматизацијата на сортите;
– Промени во дистрибуцијата на постоечките болести и штетници и појава на нови;
– Физиолошки нарушувања;
– Влијание врз квалитетот на плодовите;
– Проблеми при опрашувањето и формирањето на цветни пупки;
– Појава на почвени болести и штетници како резултат на обилните врнежи и повисоките температури;
– Зголемена опасност од ерозија;
– Опасност од силни дождови, јак ветер, град, топлотен стрес и сл.

Последиците од климатските промени можат да се почуствуваат и во нашите производни услови, а се манифестираат преку:

– Зголемување на температурите во тек на есенскиот и зимскиот период што доведува до слабо задоволување на лозите и овошките со потребните ниски температури што пак се одразува врз нерегуларности во цветањето и лоша продуктивност;
– Повисоките температури во текот на пролетта влијаат врз пораното цветање на растенијата и врз зголемениот ризик од доцните пролетни мразеви;
– Формирање на близни плодови поради екстремните температури во текот на летото што доведува донамалување на продуктивноста на овошните насади, намалување на синтезата на јагленихидрати и намален квалитет на овошките;
– Затворање на стомите и прекин на фотосинтезатапоради високи температури што доведува до намалување на синтезата на јагленихидрати и намаленквалитет;
– Сончевата радијација предизвикува штети на гроздовите од типот на изгореници;
– Нерамномерните и обилни врнежи во текот на летото влијаат врз намалување на квалитетот на плодовите.

МЕРКИ ЗА АДАПТАЦИЈА

Избор на сорти

Еден од основните услови за успешно растително производство е правилниот избор на сорта. Освен продуктивните и квалитетните својства на сортата, земјоделците треба да ги имаат во вид и биолошките барања на истата и еколошките услови кои владеат во производниот регион, со цел да извршат правилна проценка на можностите за успешно производство. Согласно предвидените климатски сценарија за нашата земја се препорачува да се прави избор на соодветни сорти кои ќе бидат отпорни на суша или да се изврши замена на видовите со други кои имаат помали барања во однос на наводнувањето. Во овоштарството и во градинарското производство утврдени се бројни предности од калемење на расад, особено за производство на плодови култури (домат, пиперка, модар патлиџан) поради воведување на отпорност кон абиотски и биотски стрес. И во овој случај потребно е да се изберат подлоги кои ќе бидат соодветни за постоечките еколошките услови и ќе овозможат стабилен раст, развој и квалитетен принос на питомката.

ГРАДИНАРСТВО

Влијание на климатските промени

Градинарството е трудоинтензивна и високодоходовна гранка од земјоделството со големо значење за стопанството на Република Северна Македонија. Градинарските култури, а посебно доматот, пиперката, краставицата се и мошне осетливи на негативните влијанија од климатските промени. Промените во температурите и врнежите веќе се одразуваат негативно на квалитетот и квантитетот на овие култури, а се очекува зголемувањето на негативното влијание на климатските промени во иднина да го направи економски неисплатливо нивното понатамошно производство. Поради тоа, станува неопходно имплементирање на нови технологии на производство прилагодени на новонастанатите услови.

За намалување на негативните ефекти од зголемувањето на евапотранспирацијата, а со тоа и зголемувањето на дефицитот на вода во текот на вегетацијата, решение се бара во рационалното користење на водните ресурси и во зголемувањето на смукателната моќ на кореновиот систем на одгледуваните растенија.

Основните негативни ефекти од климатските промени во градинарството се: зголемување на сончевата инсолација, зголемување на температурите и намалувањена врнежите во текот на вегетацијата. Ова ќе предизвика зголемување на потрошувачката, а со тоа и зголемувањето на дефицитот на вода во текот на вегетацијата како и појава на сончев пригор кој што веќе значително ги намалува приносите во градинарското производство на отворено и во заштитени простори. Штетите од сончевиот пригор се посебно значајни бидејки ги оштетува веќе оформените плодови предизвикувајки директно намалување на приносот. Зависно од локалитетот штетите се движеа од 10 до 30% од вкупниот принос. Значителни штети се утврдени и на плодови од домат одгледувани во заштитени простори. Големината на штетата зависи од периодот на производство (пролетно-летен или летно-есенски) и од покривниот материјал (стакло, пластика, УВ стабилизирана пластика), при што штетите се движатод 3 до 10% од вкупниот принос.

МЕРКИ ЗА АДАПТАЦИЈА

Мерките за намалување на негативните ефекти од климатските промени може да се поделат на:

– мерки со кои се намалува ефектот на зголемената сончева инсолација и

– мерки со кои се намалува негативниот ефект од намалувањето на врнежите.

А. Мерки за намалување на негативниот ефект од зголемената сончева инсолација
– Користење на мрежи за засенчување;
– Користење на покривни материјали за засенчување што можат да се нанесат директно на растенијата со напрскување (калциум карбонат, каолин или други инертни материјали);
– Оставање на поголем број на листови при закинување на врвот кај доматот;
– Користење на интензивни агротехнички мерки за побрз развиток на одгледуваните растенија;
– Погусто садење на растенијата.

Б. Мерки за намалување на негативниот ефект од намалувањето на врнежите
– Зголемување на масата, а со тоа и смукателната моќ на коренот;
– Воведување на промени во начинот на наводнување

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи