Утре завршува комисиската општа расправа за буџетот за 2022, амандманите ќе се разгледуваат од сабота

Facebook
Twitter
Email
Print


Собраниската Комисија за финансирање и буџет утре ќе го одржи последниот ден од општата расправа за Предлог- Буџетот за следната година, а во сабота ќе ја почне амандманската расправа која се очекува да заврши во среда.

Иако по неуспешниот обид за гласање недоверба на Владата, земјата се наоѓа во политичка криза и има преговори за зголемување на бројот на пратениците во парламентарното мнозинство, сите пратенички групи во Парламентот се согласни дека тој треба да се донесе пред крајот на годината.

Со Предлог-буџетот за 2022 година, вкупните приходи се планирани на 238,9 милијарди денари и се за 7,4 проценти повисоки од годинава. Вкупните расходи се планирани во износ од 272,4 милијарди денари, што е за 1,4 отсто повеќе oд 2021 година. Дефицитот се планира на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 отсто од БДП и е понизок за 2,2 процентни поени во однос на проценетиот дефицит во 2021 година. Во Предлог-буџетот за 2022 година за капитални инвестиции се предвидени 37,8 милијарди денари, за околу 27 проценти повеќе во однос на 2021 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи