На 3 декември 2021, петок од 12.30, во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде поставена изложбата на дела од Малиот битолски Монамартр. Во наредните две недели ќе бидат изложени 25 дела од оваа значајна македонска ликовна манифестација која постои веќе 40 години.
Љубителите на ликовната уметност ќе проследат дела создавани од ликовните амбасадори од целиот свет во Старата битолска чаршија непрекинато четири децении. Монмартр низ годините блескаше со својата шарена порака за мир, љубов, уметност… испишана на десетици јазици со безброј нијанси на бои од детските ликовни творби кои пристигнуваа во Битола.
Изложбата, поддржана од Министерството за култура, е во чест на основачот Коста Хаџи Антоновски, кој веќе не е со манифестацијата на која и го посвети целиот свој живот.
„Монмартр живее за децата, а јас живев за нив!“, велеше основачот Коста.