Се отвори „Чоколадна кутија“, која е најголемиот дистрибутивен центар за чоколадо во светот.
Овој центар е во Белгија, објави белгискиот портал „Фокус“ од белгиско-швајцарскиот производител на чоколада Бери Калебо.
Овој центар е висок 41 метар и зафаќа површина од повеќе од 10 фудбалски игралишта. Секоја година, 75 милиони килограми пакувани чоколадни производи ќе пристигнуваат на 125.000 палети од двете фабрики на „Калебо“, кои произведуваат околу 500.000 тони чоколадо.
Белгиското чоколадо важи за висококвалитетно чоколадо. „Пралините“, на пр. како чоколадни бонбончиња биле измислени 1912 година од Белгиецот Жан Нојхаус (1877 – 1953).
126