ВИДЕО – Протест пред Општина Прилеп на вработени во повеќе државни институции на кои не им биле продолжени договорите за работа

Дел од вработените во повеќе државни институции, на кои договорите за работа не им биле продолжени после 30.11.2021 година денеска излегоа на протест пред општинската зграда во Прилеп. Тие го обвинуваат сегашниот градоначалниик на Прилеп за политички реваншизам затоа што не им ги продолжил договорите.

„Во текот на изборната кампања, како кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп, Борче Јовчески лично изјави дека доколку биде избран нема да има политички реваншизам кон вработените во јавните установи и претпријатија. Борче Јовчески како кандидат за градоначалник јавно истакна дека има чесни намери, дека нема да дозволи освета врз неистомислениците, дека нема да има прогон врз недолжни граѓани кои чесно си го заработуваат својот леб. За жал, сега тоа биле само празни флоскули искажани за потребите на неговата партиска кампања и неговото лажно промовирање како одговорен човек и политичар кој нема да ги дели граѓаните на подобни и неподобни. Вистинските одмазнички намери на новата локална власт на свој грб ги осетивме ние, дел од вработените во локалните институции кои бевме ангажирани на договор на дело. Деновиве јавната општинска установа Детски градински „Наша иднина“, на 16 вработени кои бевме ангажирани како помошно-технички персонал не ги продолжи договорите за работа. Договорите за работа не ни се продолжени и на вработени во јавното претпријатие „Комуналец“ и јавното претпријатие за Просторно и урбано планирање, кои работат во одделот паркинзи, а исто така и вработените од локалната самоуправа“, рече Билјана Спироска, поранешна вработена во градинките „Наша Иднина“ во Прилеп.

Овие вработени велат дека помеѓу нив имало и самохрани родители со мали дечиња и дека бил прекинат единствениот приход за прехрана и издржување на нивниите фамилии.

„Вака ли ќе бевте градоначалник кој ќе застане зад оние кои чесно си ја работат својата работа? Сакате ли почетокот на вашиот мандат како градоначалник на Прилеп да остане запаметен како период на прогон и одмазда на ВМРО ДПМНЕ врз недолжни ваши граѓани? Ние обесправените, оставените на улица, жртвите на почитички реваншизам на ВМРО ДПМНЕ нема да останеме рамнодушни на ваквата тортура, нема да молчеме пред самоволието на локалните моќници од ВМРО ДПМНЕ“, додаде Спироска.

Но нема одговор зошто претходното раководство на локалната самоуправа не ги вработило трајно овие луѓе туку во период од 3 години им ги продолжувало договорите на 1, 3 или 6 месеци, што се отвора прашањето дали и тие на некој начин манипулирале со нив.

Инаку ова е пракса кај нас која не се прекинува со години наназад. И минатиот градоначалник Илија Јованоски, кога дојде на власт по само 2 месеци не им ги продолжи договорите за работа на огромен број луѓе кои останаа без егзистенција и без парче леб.

Ова се прави за да може партиите да си ги вдомат во администрацијата своите партиски војници.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи