Општина Крушево ги повикува граѓаните да учествуваат во создавањето на буџетот за 2022

Општина Крушево продолжува со консултации на граѓаните за креирање на буџетот за 2022-ра година. На линкот подолу можете да пополните анонимна форма со која ќе учествувате во одредување на приоритетите на локалната самоуправа за наредната година и ќе можете да дадете ваши предлози.

Формата можете да ја отворите на следниот линк. – КЛИК ТУКА

Општина Крушево во текот на цела година врши консултации со граѓаните, а објавен е извештај во рамки на проектот
„Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“. Овој проект вклучи 87 граѓани на 3 фокус групи на кои се одредија проблеми и приоритети.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи