Одбележан празникот Свети Климент Охридски

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Со положување на свежо цвеќе пред спомен бистата Св. Климент Охридски во дворот на ООУ „Климент Охридски“  денеска градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески и Советот на Општина Прилеп, директорот  Ахил Јаков и вработените, ученици и подржувачи на ликот и делото на Св. Климент се поклонија пред  бистата.

Вработените и учениците преку реферати го одбележаа својот патрон празник, а воедно не потсетија на делата на првоучителот и најверниот следбеник на браќата Кирил и Методиј.

Градоначалникот Јовчески испрати честитка по повод денешниот празник во која стои дека Општина Прилеп на сите православни христијани им го честита празникот, посакувајќи им многу здравје, среќа и бериќет.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци