Салата „Партизан“ во Прилеп или кај народот позната и како „Соколана“ веќе со децении се распаѓа и ниту една државна институција не сака да преземе ништо. Односно во неа се нема ништо инвестирано од далечната 1971 година. Условите за работа се катастрофални, објектот се распаѓа, справите се скоро неупотребливи, мијалната и соблекувалните се како сцени од хорор филм, а за греење во салата да не правиме нииту муабет. Погледнете во какви услови тренира и вежба нашата младина.
226