Министерот за надворешни работи Бујар Османи во Тема на денот на Сител изјави дека е оптимист дека првата меѓувладина конференција со ЕУ би можела да се одржи и на 31 декември, доколку Бугарија дотогаш го тргне ветото.
Истовемено, тој стравува дека спорот може да премине во замрзнат конфликт, а Македонија да стане изолирана во европските перспективи.
„Сите се свесни колку е важен 14 декември, но не само 14, бидејќи и до 31 декември може словенечкото претседателство, доколку добие сигнал од Бугарија дека го подигнува ветото дури и на 30 декември словенечкиот министер за надворешни работи може да свика онлајн состанок на министрите и да се одобри и истиот ден да се одржи меѓувладината конференција. Важно е да ги држиме роковите кратки. Мојот страв е дека доколку овој спор премине во замрзнат конфликт, Република Македонија ќе стане изолирана во европските перспективи“, изјави Османи.