Бугарската црква позитивно одговори на барањето на МПЦ

Facebook
Twitter
Email
Print

Бугарската православна црква прифати да биде заштитник на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија и да се заложи пред православниот свет за признавање на нејзината автокефалност, пишува порталот Религија.

 

Синодот на Бугарската православна црква денеска одржа заседание во полн состав на кое било одлучено да се формира Комисија од шест членови која ќе преговара со МПЦ-ОА и со останатите православни цркви за конечно решение на статусот на МПЦ-ОА.

 

„Синодот на БПЦ на денешното заседание во комплетен состав го разгледа писмото од архиепископот на МПЦ, г.г. Стефан. БПЦ никогаш не била рамнодушна кон страдањата на Македонската православна црква, поради што се разговараше. Во ситуација кога Македонската православна црква ја признава Бугарската православна црква-Бугарска патријаршија (БПЦ-БП) за своја црква-Мајка, БПЦ-БП го смета за своја света должност ангажманот да понуди целосна соработка, посредство и застапување пред помесните православни цркви, преземајќи сѐ што е неопходно за утврдување на канонскиот статус на МПЦ. Формирана е ерхиерејска комисија за преговори со МПЦ и со останатите помесни православни цркви за воспоставување на канонски статус на МПЦ“, пишува во одлуката на Синодот на БПЦ

 

Претходно, пред почетокот на седницата бугарскиот патријарх Неофит рече дека треба да се прифати подадената рака на Македонија

 

Во одлуката на Синодот на БПЦ нема конкретен податок дали во меѓувреме бугарските владици ќе почнат да сослужуваат со македонските архиереи.

 

МПЦ-ОА минатата недела испрати писмо до БПЦ во кое бараше да биде признаена како автокефална црква, а БПЦ да биде нејзината мајка-црква.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи