Неделен извештај за корона: Намален бројот на новозаразени, зголемен бројот на реинфекции

Facebook
Twitter
Email
Print

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Намалување од 8 % на бројот на новозаразени од ковид-19 минатата седмица во споредба со претходната, бележи Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во неделниот извештај за состојбата со коронавирусот во земјава.

Од 13 до 19 декември од Ковид-19 заболеле 1.922  лица. Тестирани се 19.943 лица, за 8,1 отсто повеќе од претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 6,9 до 12,4 отсто, а просечно 9,6.  Регистрирано е намалување на заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапени се лицата над 60 години (22,8%).

Пријавени се 66 смртни случаи, најмногу во Скопје (19) и од  возрасната група над 60 години (80,3%).

Активни на Ковид-19 се 5.376 лица лица, хоспитализирани се 347 што е за 18,7% помалку од претходната недела, од кои 243 се на кислородна поддршка и 12 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Минатата седмица се евидентирани и 1.963 оздравени лица. ИЈЗ регистрирал и 36 реинфекции.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира