Во возење се запалил автомобилот на претседателот на Стопанската комора за енергетика, Ѓорѓи Манасков. Тој патувал со сопатник, а пожарот настанал кога стигнал кај обиколницата во близина на Визбегово кон Скопје Север. Информацијата синоќа ја објави Стопанската комора за енергетика на Македонија преку Фејсбук.
Брзата интервентна полиција, која беше во близина и Противпожарната екипа, која веднаш реагира, не успеа да го изгасне возилото ‘мерцедес С200’, во црна боја, кое целосно изгоре за неполни 3 минути. Патниците се здрави и живи“, информираа од Стопанската комора за енергетика.
Од МВР потврдуваат дека излегле на терен по пријава за пожар на автомобил.
„На 21.12.2021 во 21.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколницата, во близина на клучката „Мирковци’, настанал пожар во патничко возило во движење ‘мерцедес’, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ .М. (48) од Скопје. Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен“, соопштија од МВР.