Тргнувајќи од анализа на законските одредби и уредувања на законот воочливо е дека во истиот постојат основни недостатоци со кои ќе се однесуваат казнени одредби и санкции за непочитување на истите одредби. Ваквиот недостаток предизвикува овој закон да се соочи со низа на слабости при неговата примена, односно имплементација. Недоследноста на спроведувањето може значително да се истакне земајќи го фактот дека одговорноста за неговото спроведување паѓа на државните институции или пак на локалните власти. Тргнувајќи од фактот на досегашните искуства и пракси на неспроведување на закони во кои не се предвидени казнени одредби за одговорните институции, можеме слободно да очекуваме дека и овој закон ќе ја доживее истата судбина како и останатите од таков ред.
Утврдените временски рокови за воспоставување на одредени нови механизми или тела кои ќе го поддржат учеството на младите, како и точните буџетски средства кои треба да се наменат за спроведување на законот иако се силна страна на законот, тие многу лесно ќе преминат во слабост заради немањето на казнени или мерки на санкции за институциите кои нема да постапат во согласност со утврдените одредби.
За подобрена примена на законот за младинско учество и младински политики неопходни се чекори кои би оделе во прилог на преземање на поголема одговорност на институциите но и казнени одредби за непочитување на утврдените рокови за спроведување на одредени одредби.
Базирано на анализа на двегодишното спроведување на законот мора да се утврдат механизмите кои и ден денес не се воспоставени, а утврдените рокови веќе пробиени, и да се изнајдат соодветни решенија за надминување на пречките кои довеле до неспроведување на законот.
Да се направи детална анализа на буџетските издвојувања од државниот буџет и буџетите на локалните самоуправи за да се утврдат процентите на издвоен буџет наспроти предвидениот % со самиот закон.
Следствено на тоа, веднаш, да се пристапи кон отворање на процес за измени и дополнувања на законот за да се интегрираат дополнувањата кои би се однесувале на казнени односно прекршочни одредби, чие постоење е неопходно за да се избегне негово непочитување, односно кршење на неговите одредби, за што на прекршителот ќе му следи соодветна казна, односно санкција.
Автор: Зоран Илиески, Коалиција СЕГА