Утрово во Прилеп измерени – 6 степени


Утрово, најниската температура била измерена во Берово од -9 степени, -8 степени биле измерени во Струмица, Тетово и во Демир Капија, -7 во Гевгелија, Скопје – Зајчев Рид, Крива Паланка и во Штип, -6 во Битола, Куманово и во Прилеп, -5 степени во Виница, -3 во Дојран, -2 Охрид и Претор, 0 степени во Крушево, Дебар и на Попова Шапка, 1 степен во Маврови Анови.

Снежната покривка во седум часот изнесувала 43 сантиметри на Попова Шапка, 36 во Маврови Анови, 11 во Пожаране и 7 сантиметри во Крушево.

Во текот на ноќта и изутринава, според УХМР, било студено во централните и источните делови од земјата. Утринава има сѐ поголема облачност на западот и особено на југозападот има побрз пораст на температурата во Охрид и Претор –  +5°С во 7 часот. На повисоките места, особено на западот, дува и умерен западен ветер.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи