Влијанието на меѓународните искуства врз младите

Меѓународните искуства на младите и нивната мобилност на интернационално ниво имаат значително влијание во однос на индивидуалниот раст и развој на младите, нивните компетенции за вработливост, граѓанското учество, нивната политичка ангажираност и вклученост и се тоа севкупно влијае врз напредокот на една држава.

Кога младо лице има можност да волонтира, студира, учествува на обуки каде се вклучени учесници од повеќе земји и кога младото лице го пренесува ново стекнатото меѓународно искуство во својата земја, стекнатото искуство влијае врз неговите најблиски (семејството и пријателите), потоа врз локалната заедница во која живее и како највисок стадиум на влијание, влијае врз целото општество. Преку ново стекнатото меѓународно искуство младото лице е веродостојна информација и го пренесува искуството првично врз неговите најблиски во најтесната заедница на живеење. Со тоа се отвораат хоризонтите и се „отвора мозокот“ на младите да бидат иновативни и активни кон промените кои се релевантни на нивните потреби и со тоа стануваат активни граѓани во заедницата, а со тоа постепено влијаат и на целото општество. Меѓународните искуства придонесуваат единство во различноста, интеркултурна размена, широк спектар на вмрежување, надоградба на комуникациски вештини, мултијазична компетентност, можност за самоспознавање…

Додека промислуваме подобра мерка и закон за подобра иднина на секое дете, млада личност и граѓанин, да не дозволиме лични интереси да одлучуваат за нивните потреби, но да им пружиме можност на младите сами да ја креираат својата иднина и за сите нас. Нека идните млади лидери, кои би ја претставувале нашата земја, промовираат единство и толеранција, промовираат активно граѓанство и поддршка за раст и развој.

Автор: Викторија Смилеска

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи