Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност БЈБ, рано утрово бил уапсен, по налог на јавен обвинител, потврдиле за медиумите од МВР.
Причина за апсењето се насилствата во Собранието на 27 април. Во инцидентите повредени беа неколку пратеници, меѓу кои Зоран Заев, Радмила Шекеринска, а Зијадин Села заврши со сериозни повреди.
Чавков, наводно, не давал наредба полицијата да ги спречи инцидентите на време.
Се очекува утрово Чавков да биде донесен во Кривичниот суд пред судија за претходна постапка.