МВР: Граѓаните да не објавуваат фотографии од новогодишни прослави доколку не се во своите домови

Facebook
Twitter
Email
Print


Од МВР апелираат граѓаните да избегнуваат да поставуваат фотографии на социјалните мрежи за тоа каде се наоѓаат, бидејќи со тоа сами се извор на информации за крадците каде може слободно да оперираат. Гостувајќи во Утрински брифинг, портпаролот на МВР, Тони Ангеловски вели дека секоја година за време на празниците апелираат за внимателност.

„Ние како МВР секоја година во ова време и пред летните одмори кога граѓаните ги напуштаат своите домови, апелираме за внимателност, затоа што покрај мерките што ги презема МВР и граѓаните треба да ги преземат мерките од нивна надлежност, за да можат да си ги заштитат домот и имотот. Апелот е доколку луѓето не слават дома, да не се постираат фотографии од местото на настанот кај што се, затоа што на тој начин преку социјалните мрежи им давате сигнал на оние кои имаат криминални намери“, вели Ангеловски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи