Пејо ги разбуди комуналците, после емисијата низ прилепските руини се чисти парцелата околу Работнички универзитет


Голема благодарност од Пејо до ЈКП „Комуналец“ Прилеп кои после емисијата во која Пејо прошета низ прилепските руини одлучија да ја исчистат парцелата околу Работнички универзитет.

Од ЈКП „Комуналец“ Прилеп велат дека активно продолжуваат со чистење на сите мапирани диви депонии, но и многу посочени ѓубришта од страна на граѓаните.

„Последна активност на комуналците за чистење на дивите депонии за годинава е чистењето на празниот простор помеѓу Гимназијата „Мирче Ацев“, и Работничкиот универзитет. Со оглед на претстојните Новогодишни и Божикни празници, кога поголемо внимание треба да се посвети на чистотата во градот, ги информираме граѓаните дека со чистење на останатите диви депонии и ѓубришта ќе се продолжи по празниците.

Доколку послужат временските услови планот на оперативниот тим од  „Комуналец“, е до крајот на февруари да се исчистат сите мапирани диви депонии, но и многу посочени ѓубришта од страна на граѓаните.

Останува надежта дека во 2022 година, граѓаните на Општина Прилеп, ќе научат дека по селекцијата на отпадот, останатиот отпад треба да заврши исклучиво во депонијата во Алинци, со опција да се предаде на комуналците доколку е машан комунален отпад. Градежниот шут, отпадот од градење, отпадот од домаќинствата, може да се однесе и со сопствен транспорт до депонијата во Алинци, каде влезот е бесплатен, но и да се користи услугата со изнајмување на контејнер од 5м3 и трактор од 2м3“, велат од ЈКП „Комуналец“ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи