Царовска: На крајот на 2021 се радуваме на промените во образованието

Facebook
Twitter
Email
Print


На крајот на 2021 сите се радуваме на промените во образованието кои се важни и во интерес на секое дете.  Повторно ги отворивме училиштата. Ги подобривме условите во училиштата, воведовме нови наставни програми и обезбедивме обука и поддршка за наставниците. Целиот труд вредеше затоа што најважна на светот ни е насмевката на детските лица, порачува во видео министерката за образование и наука Мила Царовска.

По повод крајот на учебната 2021/2022 година и претстојните празници, Царовска во видеото ја нагласува важноста од отворањето на училиштата.

„Детските желби и соништа ни се главниот мотив кој ни дава сила да продолжиме да создаваме квалитетно образование кое го развива потенцијалот на секое дете, нè учи да се сакаме, почитуваме и веруваме во граѓанските вредности, кои се основата на општеството во кое има место за секој“, вели Царовска.

 

🎄Детските желби и соништа ни се главниот мотив кој ни дава сила да продолжиме да создаваме квалитетно образование кое го развива потенцијалот на секое дете, не учи да се сакаме, почитуваме и веруваме во граѓанските вредности, кои се основата на општеството во кое има место за секој.
Среќни празници!

Posted by Мила Царовска on Thursday, 30 December 2021

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира