Бизнисменот Орце Камчев денеска излегува од притвор. Апелацискиот суд одлучил да ја уважи жалбата на неговата одбрана за случајот „Плацови на Водно“ и да прифати гаранција од речиси 11 милиони евра, дел во недвижности, дел во готовина, за тој да излезе од притвор.
Судот ќе му го задрже пасошот. Камчев ќе има обврска еднаш неделно да се јавува во судот и да не го напушта местото на живеење, односно да не излегува од Скопје
Пред Нова година, Камчев беше примен на лекување во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.