Започнува реконструкција на СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп


Од СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп известуваат дека започнува изведбата на проектот за реконструкција на училиштето со средства на Министерството за образование и наука. Проектот вклучува фасада, дренажа, подови, осветлување, бојосување, промена на азбестните плочи на дел од покривот.

„Училиштето ќе  добие нов лик, а  учениците и професорите ќе имаат  подобри услови за изведување на воспитно образовниот процес“, истакнуваат од СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира