По 6.000 денари еднократна парична помош за секое новороденче ќе исплаќа Општина Прилеп


Општина Прилеп ќе започне со исплаќање на еднократна парична помош во висина од 6.000 денари за секое новороденче. Од Општина Прилеп велат дека ова било предизборно ветување на градоанчалникот Јовчески, чија реализација ќе започнела од овој месец.

„Имено после донесувањето на „Програма за доделување на еднократна парична помош, на секое семејство за новородено дете во Општина Прилеп за 2022 година“ која што беше изгласана во Советот на Општина Прилеп, го најавуваме овој значаен проект кој што дополнително ќе им помогне на сите млади родители во Прилепскиот регион. Преку субвенционирање на семејствата со доделување на еднократна парична помош од 6.000 денари материјално ќе се помогне во покривање на дел од првичните трошоци на семејствата за обезбедување на соодветни услови за новородените деца, исто така ќе влијае и на поттикнување на наталитетот а со тоа и зголемување на природниот прираст во нашата општина“, велат од Општина Прилеп.

За реализација на Програмата во Буџетот на Општината за 2022 година биле предвидени средства во висина од 3.600.000 денари.

Средства за секое новородено дете ќе се добиваат преку поднесување на Барање од страна на родителите кое што заедно со копија од лични карти на родителите и нивна копија од жиро сметка ќе треба да се достават во Локалната самопуправа на Општина Прилеп.

Барањето кое што треба да се потполни можете да го преземите на следниот ЛИНК, а  исто така можете да го најдите на веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk во полето Е-УСЛУГИ, или истото да се потполни при самото поднесување на документите во локалната самоуправа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи