Рот контра Маричиќ: Бугарија да го признае македонското малцинство, како што С. Македонија го признава бугарското


Актуелниот германски пратеник во Бундестагот и поранешен министер на Германија за Европа, Михаел Рот, преку социјалните мрежи ја поздрави денешната средбата на двајцата премиери, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, во Скопје, но порача и дека соседната држава треба да го признае македонското малцинство во Бугарија, исто како што тоа го прави и Северна Македонија во однос на бугарското.

„Многу е добро што се среќаваат премиерите на Бугарија и Северна Македонија. Како што Северна Македонија го признава бугарското малцинство, така мора и Бугарија веќе еднаш да ги спроведе пресуди на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и да го признае македонското малцинство во Бугарија. Ниту една земја во ЕУ не смее да одлучува за јазикот и културата на друга земја“, порачува Рот на Твитер.

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира