Просечната нето плата во ноември изнесува 29 130 денари

Facebook
Twitter
Email
Print

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2021 година, изнесувала 29 130 денари, а во однос на ноември 2020 година, е зголемена за 5,6 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14,4  проценти), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11,5 проценти) и Информации и комуникации (11,3 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (3,9 проценти), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3,5  проценти) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2,9 проценти).

Како што информира ДЗС, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2021 година, изнесувала 43 509 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи