Македонија има 63 “топ“ пензионери кои земаат највисок износ на пензија од 57.992 денари

Facebook
Twitter
Email
Print

Во декември минатата година имало 333 пензионери со пензија над 52.630 денари. 63 пензионери го земале највисокиот износ од 57.992 денари, покажуваат последните податоци на Фондот за пензиско. Или вкупно 1.340 пензионери во земјава се водат како пензионери со највисоки пензии, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 40.548 до 57.992 денари во зависност од годината кога го стекнале правото. Најголем дел или 880 се со пензија од 42.240 денари, пишува во новата анализа на порталот Пари.

Вкупниот број на пензионери пак се зголемил на 328.570 лица додека просечната пензија во декември изнесувала 15.876 денари.

Најнизок износ на пензија земале 80.809 пензионери, од кои 65.535 пензионери за остварено право од 01.01.2002 година до денешен датум. Останатите 15.274 се за оставрено право до 1996 и за периодот 1997 – 2002 година. Најнискиот износ на пензија за најголемата група на корисници на ова право се движи од 9.986 денари до 12.801 денари, во зависност од групата на која што припаѓаат.

Само во месец декември имало нови 1.839 пензионери на списокот на ПИОМ. Од нив најголем дел биле мажи 1.288 а остатокот жени и најголем дел, 1.186 се стекнале со правото на старосна пензија. Од друга страна пак, имало 1.656 починати пензионери, од кои 1297 биле мажи.

Податоците покажуваат дека од 328.570 пензионери најмногу 327.535 се стекнале со право на пензија по работен основ. Други 961 стекнале право на пензија како поранешни воени лица, а само 74 биле земјоделци и по тој основ оствариле право на пензија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи