Државно изборно првенство во борење У15 се одржа во Прилеп


Денеска во спортската сала на СОУ „Р.Р. Ричко“ се одржа „Државно изборно првенство во борење У15“ (категорија на борачи до 15 години)  во техничка организација на Боречкиот клуб „7-ми Мај“ од Прилеп, а главен организатор е Федерацијата за борење на Македонија. Пред присутните се обратија потпретседателот на БК 7-ми Мај од Прилеп Рубин Атанасоски, претседателот на Боречката федерација на Македонија Дејан Богданов и градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

„Им посакувам многу успех денес на сите кои се борат за место во репрезентацијата на Македонија во категоријата до 15 години, вие сите сте млади надежи кои ќе не претставуваат на меѓународна сцена и се надеваме дека ќе се радуваме на многу ваши тимски и индивидуални успеси во иднина. Исто така сакам особено да ги поздравам шампионките од Прилеп кои се 2 години по ред шампионки во женска конкуренција на ниво на Македонија и сакам да им посакам и оваа година шампионскиот пехар да остане во Прилеп. Сакам да упатам поддршка до раководството на Клубот 7ми Мај, да продолжат со својата успешна работа и да се радуваме заедно на  уште многу успеси со кои што го промовираат нашиот град Прилеп, а ние како локална самоуправа ќе бидиме секогаш тука како поддржувачи и помагатели на овај спорт и на нивната работа“, истакна градоначалникот Јовчески.

На ова Државно изборно првенство учествуваа 12 боречки клубови од Прилеп, Скопје, Штип, Радовиш, Велес, Студеничани, Кочани, Неготино и Кичево. Победниците на ова првенство влегуваат во репрезентацијата на Македонија У15 во категорија до 15 години. БК 7-ми Мај,  17 години функционира во Прилеп и успешно го претставува нашиот град во Македонија и пошироко. Со помош на Општина Прилеп која го поддржува клубот, овој клуб бележи големи успеси.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи