Предлогот на Левица за минимална плата на собраниска седница на 10 февруари

Facebook
Twitter
Email
Print

Предлог-законот за измени на Законот за минимална плата што го поднесе партијата „Левица“ е ставен на дневен ред на собраниската седница закажана за 10 овој месец.

Предлог-законот треба да биде донесен по скратена постапка, а со него се предлага висината на минималната плата да не биде пониска од 60 проценти од просечната исплатена нето-плата во последните три објавени месеци, согласно со податоците објавени од Државниот завод за статистика.

„(1) Висината на минималната плата не може да биде пониска од 60% од просечната исплатена нето-плата по вработен во последните три објавени месеци, согласно со податоците објавени од Државниот завод за статистика.

(2) Министерот за труд и социјална политика најдоцна до дваесеттиот ден во месецот, по претходно мислење од Економско-социјалниот совет, ја објавува висината на минималната плата за наредниот месец во бруто износ усогласена согласно ставот (1) на овој член, во “Службен весник на Република Северна Македонија“.

Измените се во согласност со барањата на Сојузот на синдикати на Македонија, кој лани поднесе иницијатива до Собранието за измени на Законот за минимална плата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи