Ковачевски: До 2023 намалување на персоналниот данок во ИТ од сегашни 10 на 0 проценти

Facebook
Twitter
Email
Print

Намалување на персоналниот данок во ИТ секторот од сегашните 10 отсто на 0 отсто до 2023 година ќе биде силен стимул за младите што повеќе да се насочат кон овој сектор каде од ден во ден се потребни повеќе работници, најави денес премиерот Димитар Ковачевски.

Покрај намалувањето на персоналниот данок, премиерот најави и ослободување од данок за преквалификација, обука, дообука во компаниите, ослободување од данок од трошоците кои се прават за лиценци за ИТ индустријата.

Ковачевски го изрази своето задоволство од резултатите на оперативниот план за вработување со искористеност од преку 92%, што потврдува дека парите правилно се вложуваат. Исто така обуките за развој на дигитални вештини имаат 100% реализација, а 400 невработени лица се стекнале со дигитални вештини благодарение само на оваа мерка.

„Заради ефикасноста и големиот интерес минатата година, во 2022 го креиравме Оперативниот план во износ од 28 милиони евра. Тој е за 230 милиони денари повеќе од минатата година”, подвлече премиерот Ковачевски.

ИКТ секторот во Северна Македонија во последните години бележи постојан раст во однос на бројот на компании и вработени, раст на извозот и на приходите. Нашите заложби насочени кон натамошно подобрување на условите за работа и растот на оваа индустрија ги преточивме во конкретни мерки на барање на секторот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи