Рашковски излегува од куќен притвор со гаранција од 192.980 евра


Апелацискиот суд му ја укина мерката куќен притвор на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски кој е првообвинет во случајот „Софтвери“, откако судот ја прифатил понудената гаранција од Рашковски во износ од 192.980 евра која се состоела од ставање хипотека на недвижен имот, се вели во одлуката на Апелацискиот суд. На Рашковски му е одредена мерка претпазливост, одземен му е пасошот и треба да се јавува во судот на одредено време.

Во јули минатата година Основниот кривичен суд Скопје на барање на Основното јавно Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, веќа замрзна одреден имот на Рашковски и имот на неговите две малолетни деца. Имотот што сега бил прифатен како гаранција, не бил дел од замрзнатиот. Обвинителството сега нема право на жалба за укинување на мерката домашен притвор, затоа што се работи за второстепена одлука.

Инаку, Рашковски и уште шест лица во случајот „Софтветри“ се обвинети дека ја злоупотребиле службената положба при спроведување на четири постапки за јавна набавка на систем за биометриска идентификација, софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и јавни набавки на камери и опрема за препознавање на регистарски таблички, според Основното јавно обвинителство.

Во обвинението е наведено и дека Рашковски од јуни 2017 до мај 2021 пуштил во оптек пари, околу 87 илјади евра, за кои знаел дека се од кривично дело и тие пари ги распределувал на сопствените сметки и банкарски картички, како и на сметките на своето семејство, а исто така предвреме си ги исплатил и претходно земените кредити. Обвинетите го оштетиле буџетот за над 300 илјади евра.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи