Граѓанската организација Новинари за човекови права во наредните 12 месеци ќе го имплементира проектот „Зголемување на свесноста за менструалниот отпад и инклузија на ранливи групи на жени преку производство на повеќекратна менструална влошка – Буџетмама“, во соработка со граѓанските организации „Скриениот херој во секое дете“, ЛАГ Агро Лидер Кривогаштани.
Цел на проектот е социјална инклузија и економско зајакнување на жените од ранливите групи преку стекнување вештини за еколошки безбедни бизниси. Преку овој проект жените ќе имаат можност да ги зајакнат нивните персонални и професионални вештини и да се вклучат во еколошки бизниси.
Главни проектни активности:
– Подготовка на наставен материјал за обука на заинтересираните групи на жени
– Тренинзи за шиење и одржување на повеќекратни влошки
– Тренинзи за старт ап претпријатија за производство на еколошки безбедни влошки
– Кампања за подигнување на свесноста за отпадот од влошките за еднократна употреба
– Сертификација на влошките за повеќекратна употреба
Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), ГО Новинари за човекови права, WECF и програмата Women 2030. Проектот е со вкупен буџет од 55.760 долари, од кои 30.000 долари се обезбедени од страна на Глобалниот Еколошки Фонд (ГЕФ ПМГ), додека остатокот е обезбеден со учество на ГО Новинари за човекови права, WECF и програмата Women 2030.
Повеќе информации за ГЕФ ПМГ може да се најдат на www.gefsgpmacedonia.org.mk и https://sgp.undp.org .