На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ планира протести во наредниот период, Мицкоси во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ истакна дека дека она што е на анкетите како јавно мислење требало да се преслика и на терен.
„Да, да, се планираме. Јас го најавувам во вашата емисија дека ќе повикаме на општествена поддршка затоа што тоа што го гледаме на анкетите како јавно мислење треба да се преслика и на терен. Има неколку начини до предвремени парламентарни избори, да ја разработуваме стратегијата, институционална и вонинституционална. Ние ќе продолжиме и понатаму да правиме притисок и да бараме предвремени парламентарни избори затоа што ќе повторам дека тоа е добро за државата“, изјави Мицкоски.
135