Прилепската болница конечно доби мазут потребен за затоплување на просториите каде се сместени болните, но и лекарскиот персонал. Кризата настана поради доцнење од страна на добавувачот ЕВРОТИМ ГДС од Кичево. Сега биле донесени само 20 тони мазут, што е доволно за 20 дена затоплување, ако се знае дека дневно болницата троши по 1 тон. Но никој не дава одговор зошто добавувачот доцнел и дали ќе сноси пенали поради оваа ситуација.
„Потребната количина е 20 тони, доволна количина додека да стигне новата порачка од добавувачот. Да напоменам дека добавувачот не си ги исполни обврските за достава на потребната количина, но тоа не беше пречка за да бидат стоплени просториите. Значи пациентите се наоѓаа во топли простории, вклучително и вработените во болницата беа просториите каде имаме дополнителни грејни тела односно клима уреди и греалки“, истакна Кети Смилеска, директорка на општа болница Прилеп.
Договорот со фирмата ЕВРОТИМ ГДС од Кичево бил склучен на 03.03.2021 и се важност од 1 година, односно важи уште само 20-тина дена, по што ќе биде потрeбно распишување на нов тендер. Но од болницата ќе барале тоа да се реши и пред истекот на рокот.
„Во следниот период ќе ја следиме состојбата и ќе се обратиме до Бирото за јавни набавки за да може да ни овозможии пред време да распишеме објава за набавка на овој вид на мазут за да можеме навреме да имаме обезбедено мазут за да не се доведеме до оваа ситуација. Паралелно ние ќе има и редовен тендер за снабдување со мазут, но и предвреме ќе обезбедиме нова постапка, скратена постапка за која што ни е потребно одобрение од Бирото за јавни набавки“, додаде Смилеска.
Инаку во моментов во прилепската болница се сместени 60-тина пацииенти, коии половина во иинфективното одделение заболени од ковид.