Четири месеци после одржаните локални избори, најчестото прашање кои го поставуваат нашите сограѓани е: Има ли Прилеп градоначалник? Бројните ветувања на Борче Јовчески дадени за време на изборната кампања, се покажаа како чиста манипулација со волјата и потребите на граѓаните. Вели во денешната снимена изјава, која беше доставена до медиумите, Александар Ѓорѓиоски – претседател на ЛК СДММ Прилеп.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Мртво слово на хартија останаа ветените реконструкции на „Александрија“ и „Арт плоштадот“, како и на амфитеатарот во населбата Варош. Нема нови зелени површини, обновени фонтани, а од кружните текови ни трага ни глас. Голема и бесрамна лага испадна и ветеното намалување на сметките за вода.
И не само што немаат капацитет да ги реализираат проектите од нивната изборна програма, туку неспособноста на Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ уште повеќе доаѓа до израз во незнаењето да ги продолжат наследените проекти, започнати од претходната локална власт.
Единствената работа во која Борче Јовчески се докажа во изминатите 120 дена, е практикувањето на непотизам и вдомувањето партиски војници на ДПМНЕ.
Граѓаните на општина Прилеп не дознаа по кои критериуми за директор на ЈКП „Водовод и канализација“, Јовчески го именуваше својот другар, Игор Гулабоски? Исто како што остана нејасно, дали и сопругата на директорот Гулабоски, Паце Гулабоска, е вработена во Општина Прилеп?
Сепак, врв на срамот, заради што Општина Прилеп стана предмет за потсмев во целата држава, е одлуката на Јовчески за шеф на кабинетот да ја именува медицинската сестра од неговата приватна амбуланта, Маја Костадиноска.
Ова се „резултатите“ од досегашното владеење на Борче Јовчески. Резултати нема и нема да има. И додека градот тоне во мрак и нечистотија, јавноста нема никаква дилема дека Борче Јовчески е најлошиот градоначалник во историјата на општина Прилеп!“, се вели