Не бев задоволен од мојот настап од спринт трката која се одржа на 8 февруари, можев далеку подобро, но конструкцијата на телото не ми е за спринт трки кои се кратки на 1.5 1.6 метри, можев да сум подобар уште 7 до 10 сек., но не повеќе, вели за Инфо Компас, нашиот олимпиец Ставре Јада, кој во моментов се наоѓа во Пекинг.
„Сега веќе сум насочен на мојата следна трка на 50 км. која е на програмата на 19 – ти февруари во 07:00 часот по македонско време која ке се емитува Еуроспорт1, стазата е доста тешка се вртат 6 круга по 8.3 км на старт се очекува да има околу 50-60 натпреварувачи, секако оние најдобрите од целиот свет. Се чувствувам физички и психички добро, сакам подобар резултат на оваа трка, тешко ќе биде од самиот почеток на трката, но масовните стартови секогаш ми оделе во прилог, ќе се потрудам да одам со групата барем 3 круга во зависност од темпото кое ќе го наметнат понапред најсилните, а тука се Клебо од Норвешка и секако мојот идол Болшунов од Русија. Целта за оваа трка е да не заостанам повеќе од 25-30 мин., но се под 25 мин ќе биде одличен резултат за мене. Чувствувам дека ќе станам првиот македонски нордиски скијач што завршил 50 км со што помал заостаток зад најдобриот“, вели Јада.