Едно возило што вршело јавен превоз во Прилеп санкционирано поради неисправни сопирачки


Полициски службеници од СВР Битола денеска (16.02.2022) од 13.00 до 17 часот, спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници.

„При контролата, биле откриени и санкционирани три возила со неисправни сопирачки, кои веднаш се исклучени од сообраќајот, а изготвени се и соодветни поднесоци. Од нив две возила на територија на Битола и едно возило на територија на Прилеп. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од СВР Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи