Просечната нето-плата за декември изнесувала 29.943 денари

Facebook
Twitter
Email
Print
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2021 година, изнесува 29.943 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата за истиот месец изнесува 44.711 денари, објави Државниот завод за статистика.

„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: транспорт и складирање (13,1%), градежништво (12,6%) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (12,1%). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: дејности во врска со недвижен имот (10,4%), финансиски дејности и дејности на осигурување (9,1%) и градежништво (7,6%)“, истакнаа од ДЗС.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци