Левица Прилеп со 400 амандмани блокираат “никнување“ на нова зграда во населба Димо Наредникот

Советниците од Левица во Советот на Општина Прилеп, утрово поднесоа 400 Амандмани и се обидуваат преку т.н. Филибастеринг да го блокираат јавното наддавање за општинско градежно неизградено земјиште и парцели во населба Димо Наредникот, на сегашниот импровизиран паркинг наспроти „Осумка“, каде што според нивни сознанија, приватен инвеститор планира да крене градба, налик на зграда со почетна цена на земјиштето од 1 евро за квадрат.

Според Левица Прилеп, никој во околините куќи и станови не давал согласност за било какви градежни активности и се против бетонизација на тој дел од градот, за што веќе се собираат и потписи за поништување на одлуката.

Од Левица Прилеп ги повикуваат сите заинтересирани и засегнати граѓани да присуствуваат на утрешната јавна седница на Совет, која е закажана со почеток од 12:00 ч. во Големата сала на Општината каде што ќе го образложат случајот, но и за да видат како ќе гласаат нивните избраници.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи