Во организација на Евротинк – Центар за европски стратегии вчера во Скопје се одржа завршната конференција насловена „Истоштени шуми – мапирање на организиран криминал во форма на нелегална сеча“. Оваа конференција претставува завршна активност во рамките на проектот „Вертикално спротивставување на нелегална сеча во Северна Македонија“ кој е во последната фаза од неговото спроведување. Проектот е финансиски поддржан од страна на Канадскиот фонд за локални иницијативи преку Амбасадата на Канада од Белград и претставува надоврзување на претходно спроведениот проект кој ја третираше оваа проблематика.
На настанот се презентираа наодите од извештајот на истражувањето „Истоштени шуми“, а на истиот учествуваа Дејвид Морган, советник и заменик шеф на мисија во Амбасадата на Канада за Република Србија, Македонија и Црна Гора, Саша Јовановиќ, раководител на сектор за шумарство и ловство во Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Јулијана Николовска, Директорка на ЈП „Национални Шуми“, Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи, Марија Џибирова, обвинителка во Основно Јавно Обвинителствоа свое излагање имаше и Мариглен Димири главниот истражувач на овој проект.
Во вториот панел учествуваат претставници на граѓанското општество и активистички иницијативи, а свое обраќање имаше и новинарот Дарко Штаргоски за состојбите со дрвокардството во прилепскиот регион.
Состојбата со дрвокрадството или нелегалната сеча во Прилеп е алармантна. Слободно може да се каже дека Прилеп е лидер кога станува збор за овој криминал на ниво на Македонија. 30 години без престан се уништуваат шумите во прилепско, а ниту една институција не сака да преземе ништо. Овој криминал се случува пред очите на сите надлежни.
За целосната состојба со овој криминал во прилепско повеќе погледнете во видеото.