Јавното обвиниттелство во Прилеп денеска отвори предистражна постапка за случајот со исчезнувањето на 10 годишниот Петар Џобески во селото Врбско, прилепско Мариово. Во таа предиистражна постапка биле вчера сослушани ии родителите на малиот Петар како и неговиот најстар брат, 19 годишниот Димитар. Татко на Петар изјави дека денеска ќе побарал адвокат затоа што после сослушувањето од полицијата се плаши дека може да биде осомничен за случајот. Признава дека го искарал детето тој ден, но велии дека никогаш не би го повредил.
„Вчера во полиција пак истото ме прашуваа, како се случи, што се случи, каде одев, што работев дента, истото му го кажував, па не веруваа, па кажи ја вистината, па не е така, кажи како е подобро, побрзо да се најди детето. Јас му реков ако знаев јас каде е ќе го најдев јас, а немаше да се јавам и да побарам помош од вас. Треба да најдам и адвокат бидејќи сум осомничен, така ми спомнаа мои пријатели, ме советуваа да си најдам адвокат“, вели Стојан Џобески, татко на исчезнатиот Петар.
Детето заминало со мајкаму и двајцата браќа да полни вода кај блискиот кладенец, потоа се враќаат дома по што го снему. Родителите велат дека тој ден во селото немало никој освен нив, затоа што тоа е напуштено село.
„И тој наполни вода но после замина некаде има заминато со Христијан со помалиот брат, но пак се вратиле кај куќата. После тоа се врати, но за последен пат тажно ја погледна мајка ми и има некаде заминато“, рече поголемиот брат на Петар, Димитар Џобески.
„Можноста подалеку да е заминато е само од некој дивеч да го однеси, од друго што можи. Не забележавме некои траги од човек. На се сомневаме. Но нема никакви траги од ништо“, додава Стојан Џобески, татко на исчезнатиот Петар.
Инаку и денеска над 100 полициски службеници и хеликоптер продолжуваат со активна потрага по малиот Петар, а сите граѓани кои сакаат да помогнат можат да се пријават полициската станица во село Витолиште или на тел. број 071 268-594 кој што е од станицата.
Од Министерството за труд и социјална политика истакнаа дека стручни случни од Центарот за социјална работа вчера биле вклучени во предистражната постапка, разговарале со семејството, кое било корисник на дел од услугите на Центарот. Потенцираат дека никогаш досега кај нив не бил пријавен случај за некаков вид на насилство кај семејството Џобески.