Петровска: Нема да се испраќаат војници во Украина, ќе испратиме воена опрема

Facebook
Twitter
Email
Print
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Нема одлука за испраќање на наши војници во Украина и нема ни да има, истакна денес министерката за одбраба Славјанка Петровска.

„Северна Македонија е членка на НАТО и сите одлуки кои се носат во Алијансата како членка ќе ги почитуваме и спроведуваме, бидејќи и ние учествуваме во нивното носење. Досега, земјава се приклучи кон санкциите кои беа изречени од страна на ЕУ. Одобрена е помош во воена опрема и вооружување согласно побарување од украинските власти. Нивното барање беше класифицирано кон нас и од таа причина и нашата одлука е класифицирана, но во знак на транспарентност дадовме куса инфорамција дека донесовме одлука за воена помош на Украина согласно капацитетите со кои располагаме“, рече министерката, одговарајќи на новинарско прашање на одбележување на Денот на баталјонот на специјалните сили на Армијата.

Според Петровска донацијата нема да влијае на капацитетот на нашата армија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци