Екипите на ЈКП”Водовод и канализација” – Прилеп успешно го санираа дефектот на главниот довод од резервоар Топташ DN 600 ACC.
Дефектот беше на АСС цевка со DN 600. Истата беше замената со нова цевка со истиот дијаметар и материјал со должина од 5 метри. Санацијата се изврши без никакво нарушување на водоснабдувањето и покрај комплексноста и големината на дефектот.
Во текот на утрешниот ден главниот довод ќе биде ставен во функција .