ВИДЕО – Наумоски: Имаме залихи за непречено производство на масло за 3 месеци и во иднина нема да имаме проблем да набавиме суровини


Развојот на компанијата, инвестирањето во нови производствени линии и инвестирањето во осовременувањето на работниот простор и подобрување на работните услови за нашите вработени, инвестирањето во долгорочна одржливост одсекогаш биле приоритет на Витаминка, истакна денеска генералниот директор на Витаминка, Сашо Наумоски. Наумоски потенцираше дека инвестициите кои што ги вложиле во изминатите неколку години и кои биле поддржани од Владата вродиле со плод.

„И самите знаете поттикнати од ковид кризата, од пандемијата која се случуваше во светски рамки, ние сепак поминавме 2 добри години, позитивни и задоволни сме со тоа што го сработивме. Морам да кажам дека се покажа дека инвестициите кои ги вложивме во изминатите 4-5 години вродија позитивни плодови, значи сме инвестирале  во добри проекти. Инвестиранио е во нови машини, инвестирано е во ново автоматско водење на нашата мудинг линија за производство на чоколадо, инвестиравме во фотоволтаични централи за производство на електрична енергија со која супституираме 10% од потребите на електрична енергија за производството во фабриката. Исто така инвестиравме во нови магацински простории кои ни се неопходни за поголеми залихи на суровини за наши производи и амбалажа. Со ова морам да кажам дека овие инвестиции придонесоа Витаминка континуирано да го проширува својот настап на околните пазари, исто и во Македонија, но и во цела Европа. Моментално извезуваме во 30 земји и 47% од нашето производство оди за извоз“, истакна Наумоски.

Наумоски рече дека кога пред 4 години ја купиле фабриката за масло Брилијант првично ја купиле за потреби за нивното производство, за производство на најпознатиот македонски бренд Стоби Флипс и за производството на мајонез.

Долги години бевме корисници на маслото за јадење Брилијант и од тие причини ние моравме да ја реализираме таа инвестиција. Во минатите 4 години, благодарение на продажните служби и маркетинг службата, успеавме брендот Брилијант да го вратиме на македонскиот пазар и моментално да држиме околу 40% од пазарот на масло за јадење. Моментални имаме залихи обезбедени за непречено работење за 3 месеци на фабриката и имаме потпишано договори со нашите добавувачи од околните земји од каде редовно се снабдуваме со сирово масло за јадење“, додаде Наумоски.

Тој истакна дека и во иднина нема да имаме проблем да се набави сирово масло и да се задоволи пазарот во Македонија.

Сведоци сме на мерката која ја донесе Владата во изминатите 3 месеци, декември, јануари и февруариза за замрзнување на цената, но мора да сфатиме дека Владата си носи мерки и уредби за заштита на граѓаните. Ние ја поддруваме мерката која ја донесе Владата максимално, исто и по солидизирањето се трудиме да ја држиме цената на едно реално ниво, на едно ниво кое минимално може да ги задоволи потребри за егзистенција на фабриката. Владата исто си носи уредби за зголемување на платите на вработените и со тоа успешно се носиме и мислам дека и во наредниот период нема да имаме проблем да набавиме суровини и да набавиме доволни количини да го снабдуваме пазарот во Македонија. За мерката за извоз, ние и онака масло сончогледово за јадење немавме голем извоз, многу мали симболични количини имавме за Косово и некои рефусни количини за Албанија. Нас не не погоди таа мерка и мислам дека е оправдана за да го заштити домашниот пазар, да ги заштити граѓаните на Република Македонија. Во однос на препораки, мора заедно да ги градиме стратегиите за понатаму како ќе ги носиме одлуките, како ќе ги носи Владата одлуките за да не продолжиме на едно вакво ниво да ние минимално заработуваме, затоа што секоја компанија работи за профит, секоја компанија работи за да обезбеди плата за своите вработени“, кажа Наумоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи