Момироски: Партиските медиуми се причината зошто професионалните новинари и медиуми се игнорираат

Прилеп кој беше пионер во новинарството со првата регионална телевизија во независна Република Македонија, ТВ Прилеп, денес кубури со професионални новинари, а следствено на тоа и медиуми. И тие малку кои се останати да се занимаваат со оваа професија, во последно време многу често се комплетно игнорирани од страна на почитичките партии, но и локалната и државната власт. Според Зоран Момироски, медиумски работник со долгогодишно искуство како новинар и уредник во ТВ Прилеп, а потоа и во националната телевизија Канал 5, причината за тоа се таканеречените партиски медиуми, кои што се создадени за една и единствена цел, а тоа е ширењето на партиската пропаганда.

Ставот на новинарот Момироски го пренесуваме во целост.

„Деновиве мојот колега Дарко Штаргоски преку фб пост отворено ги повика и постави прашања, но и дилеми за игнорантскиот однос на локалната и централната власт кон новинарите. Притоа тој вели „сами си се снимаат сами си даваат изјави и сами ги праќаат до порталите, телевизиите и радијата. И констатира дека ниту на едните, ниту на другите новинари не им требаат.“ Тогаш му порачав дека за тоа е виновна фелата.

А, сега му порачувам и него и на останатите, дека одговорот можат да го најдат по ново формираните еднонаменски портали „Котлина.мк“ и „Станица.мк“. Тука е и одговорот на прашањата зошто прилепските професинални новинари партиски поединци ги игнорираат и зошто градот остана без професионални медиуми Радио и Телевизија. Градот кој го имаше најстарото и најдобро опремено Радио Прилеп и првата регионална телевизија ТВ Прилеп во Макединија. По овињ најнови портали, на кои им посакувам успех, станува јасно дека на локалните власти во име на граѓаните, а за свои потреби да ја дефокусираат јавноста, не им треба критички „прозорец“ кон нашата подобра иднина. Таквите треба финансиски, етички, морално и професионално да се уништат. А, моето јас да биде посилно и по вистинито од вашето јас.  Што ќе рече гледајте со нашите очи во она што и ние не го гледаме. Бидејки објективно во изминативе 5 месеци чесно и спокојно си ги одспавте. Е па наши прилепски функционерчиња и „функционеришта“ народот не ви даде доверба со 7500 гласа разлика за ваков недоквакан однос. Во интерес на вистината проекциите беа 2500 разлика. Добиените плус 5000 се од незадовилните од предходната локална власт и од поделеното членство на СДСМ мегу Сугарески и Талески од една страна и екс градоначалникот Илија Јованоски од друга страна. Ете, ова треба да ви биде поука- ако ви биде како во иднина. А не да ја фокусирате јавноста со етикетирања на луѓе. Или со тоа кој од кого бегал од страв. Демек од јаката локална власт или победничката ВМРО – ДПМНЕ.

Пролетта во Охрид, во Битола и некои скопски општни одамна е дојдена. Таму се работи. Општините добиваат нов лик. А овде во Прилеп се уште е кочан зима… Граѓаните чекаат. Новинарите чекаат. Јавноста очекува. А времето минува…“, пишува Момироски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи